Браќата на Никола Јокиќ, Страхиња и Немања се најдоа на трибините на петтата средба од првото коло на НБА плеј-офот.
Денвер ги победи Лејкерси со 108-106 во петтата средба од првото коло на НБА плеј-офот и покрај тоа што тимот од Лос Анџелес имаше три пати повеќе слободни фрлања од Нагетс. По скандалот што го предизвика Страхиња, браќата на српскиот центар повторно беа на трибините на „Бол Арената“.
Страхиња и Немања беа целосно изолирани од останатиот дел од публиката, а беа во една од ложата на салата, а околу нив беше видливо присуство на бројни празни седишта. Страхиња на вториот натпревар од оваа серија удри навивач во глава, а поради тоа беше покрената истрага.
И покрај тоа, НБА лигата им дозволи да бидат на трибините на средбите во Лос Анџелес, а сега и во Денвер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА