Браќата на Никола Јокиќ имаа интересна вербална пресметка со познатиот холивудски актер Џек Николсон по триумфот на Денвер во ЛА, тврди американскиот новинар Вик Ломбарди.
Денвер ги совлада Лејкерс на гости и поведе со 3-0 во финалната серија, а Страхиња и Немања Јокиќ и сопругата на Никола, Наталија, во живо во „Крипто Арената“ го видоа големиот триумф на Нагетс.
Познатиот американски водител и новинар Вик Ломбарди откри дека по натпреварот имало вербална пресметка меѓу браќата Јокиќ и познатиот актер и верен навивач на Лејкерс, Џек Николсон.
„О, боже, браќата Јокиќ се во караница со Џек Николсон. Џек тотално полуде“а, напиша Ломбарди на Твитер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА