КК Работнички преку официјално соопштение информира дека е извршена промена во раководните структури на клубот, а за нов извршен директор е именуван Бранко Радевски.
Радевски на водечката функција во клубот доаѓа на местото на Горан Веселиновски кој ја извршуваше изминативе три години.
Тој е истакнат домашен спортски работник кој повеќе од 20 години е во спортот, во минатото како директор во фудбалските клубови на Вардар и Работнички, а последниве години и како директор на младинската академија на КК Работнички, а потоа и како неизвршен член во одборот на директорот на клубот.
Како што информираат од КК Работнички, во исто време се направени и промени во одборите на директори каде од денеска покрај Радевски, членуваат и Димитар Трајчевски, Миле Илиевски, Јорго Костов и Александар Стојкоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
