Братот на „ракометниот Меси“ доаѓа во Вардар?

Вардар имаше Бразилец во својот табор, а многу лесно може да се случи во редовите на „црвено-црните“ да заигра и аргентински ракометен репрезентативец. Шпанскиот портал „Хандбалл 100 х 100“ информира дека македонскиот шампион е сериозно заинтересиран за услугите на Пабло Симонет, средниот бек на шпанскиот прволигаш Енкантада.

Пабло е брат на фантастичниот Диего Симонет, ас на Монпелје кој го има прекарот „ракометен Меси“, а кој со квалитетите сепак е зад МВП-ракометарот од Ф4 турнирот во Келн во 2018 година. Сепак, „вардарци“ се мачат да пронајдат квалитетна опција на среден бек по заминувањето на Сташ Скубе, а по неуспешниот обид да се стигне до Португалецот Мертенс сега вниманието е насочено кон аргентинскиот интернационалец.

Симонет летово потпиша за Енкантада, но понудата на Вардар може да го натера Аргентинецот да ги промени своите планови и кариерата да ја продолжи во Македонија. Се очекува „црвено-црните“ во следните денови да го комплетираат и трансферот на Гоце Георгиевски, за чии услуги сериозен интерес покажа и Металург.

Се вчитува...