„Братска делба“ меѓу Сити и Евертон – по еден црвен картон и по еден гол во мрежите (ВИДЕО)

Дуелот помеѓу Манчестер сити и Евертон заврши без победник во последиот натпревар од вторто коло во Премиер-лигата. „Граѓаните“ беа изненадени од пристапот на избраниците на Роналд Куман, кои сепак не го сочуваа водството во завршните минути од средбата.

Сити први се заканија преку Отаменди уште на стартот од средбата, но ударот од далечина беше лесен плен за Пикфорд. Неколку минути подоцна младиот напаѓач на Еверотн, Доминик Калверт Луин шутираше непрецизно покрај левиот директ на Едерсон. „Граѓаните“ ја имаа иницијативата во воведните дваесетина минути, па кон средината на полувремето се случи и првата посериозна шанса, повторно преку Отаменди. Пикфорд го спречи за момент ударот од 25 метри, а Агуеро не успеа да реализира по одбиената топка. Давид Силва можеше да донесе водство на својот тим во 34. минута, но неговиот удар со глава заврши во дирекот.

Само една минута подоцна, Вејн Руни го постигна совјот 200. гол во Премиер-лигата при асистенција на Калвер Луин, и донесе водство на гостите. Габриел Хесус се обиде да изедначи пред паузата, но пикфорд и натаму за чуваше мрежата на својот тим. За маките на Сити да бидат поголеми, најскапиот бек во Англија, Кајл Вокер за само две минути заработи два жолти картони и беше исклучен од натпреварот.

Гвардиола мораше да менува на паузата, во игра влезе Стерлинг на местото на Габриел Хесус. Без сериозна закана траеше опсадата на Сити пред голот на Евертон скоро половина од вторите 45 минути. Нововлезените Стерлинг и Данило имаа неуспешни обиди да го совладаат расположениот Пикфорд. Но, притисокот се исплатеше за Сити, токму Стерлинг беше човекот кој го изедначи резултат во 82. минута, откако одбраната на Евертон лошо реагираше во шестнаесетникот. Евертон кон крајот на средбата остана со играч помалку, поточно Шнајдерлин беше исклучен откако Роберт Медли му покажа втор жолт картон, по стартот врз Агуеро.

И двата тима со по 10 фудбалери на теренот не го одлучија победникот на последниот меч од второто коло во Премиер-лигата, и покрај тоа што Сити се надеваше на комплетен пресврт во последните секунди.

https://www.youtube.com/watch?v=iWAZkA2ASc0 

Се вчитува...