Интересна ситуација во 10. коло од шампионатот во Втората лига на Јапонија. Поранешните младински репрезентативци на Македонија, браќата Давид и Доријан Бабунски преку своите екипи Омија и Мачида се соочија во јапонското првенство.
А, тренерите на двете екипи, случајно или не, се одлучија Давид и Доријан во игра да ги внесат во 82. минута од натпреварот….
Not one but two Babunskis are brought onto the pitch at the same time! pic.twitter.com/xljZdMwLdu
— leanny chan (@FortressNozuta) April 21, 2019
На крајот Давид Бабунски беше тој кој со Омија славеше на гостински терен со 0-1, благодарение на погодокот на Барада во 50. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА