Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја запиша својата најголема победа во кариерата откако успеа да се пласира во последното квалификациско коло на најпрестижниот гранд-слем турнир Вимблдон.
Тетовчанката во второто квалификациско коло во Лондон славеше над португалската тенисерка Франциска Жорже со 2-1 по сетови 5-7, 6-2 и 6-1. По губењето на првиот сет во неизвесна завршница нашата тенисерка одигра фуриозно во следните два и на крајот стигна до заслужена победа.
Во последното квалификациско коло Ѓорческа за противничка ќе ја има Италијанката Луција Бронзети која во моментов е на 127. место на ВТА листата, но во кариерата има настап во главниот ждреб на сите гранд-слем турнири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
