Браво, Лина: Мината првата пречка во квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа одлично ги стартуваше квалификациите за Вимблдон откако македонската тенисерка рутински славеше на својот прв меч на тревата во Лондон.

Нејзина противничка денеска беше Фита Болуда од Шпанија, која беше целосно надиграна од Ѓорческа, дуелот мина во апсолутна доминација на македонската тенисерка, која славеше со 6-2, 6-4, продолжувајќи го својот сон да стигне до главниот дел од најреномираниот светски турнир во светот.

Следна привниччкка на Лина ќе биде Франциска Жорге од Португалија, која моментно се наоѓа на 226. место на ВТА-листата.

Се вчитува...