Браво за Алиоски и соиграчите – мислат на целото семејство на Лидс

Езгијан Алиоски и неговите соиграчи од Лидс ги собраа комплиментите на британската јавност откако самите се понудиле да им бидат намалени платите, за клубот што атакува на влез во Премиер-лигата да може да ги реши финансиските проблеми со кои се соочува поради прекинот на сезоната.

Севкупно во клубот работат 272 лица, како технички персонал, луѓе вработени на стадионот или помошен персонал, со ваквиот гест на фудбалерите, стручниот штаб, но и управата на Лидс (која исто така се согласила на драстично намалување на платите) сите вработени ќе ги земат платите што им следат во овој кризен период.

„Лидс е големо семејство, многу повеќе од оние фудбалери кои ги гледаме на теренот и кои ги бодриме. Фудбалерите покажаа неверојатно чувство за единствено, горди сме на нивните акции, што самите побараа да се дискутира за намалување на нивните плати за да му се помогне на останатиот персонал во клубот. До Марсело Биелса, неговиот стручен штаб и фудбалерите, големо благодарам што мислат на целото семејство на Лидс, што го ставија заедничкото добро пред личните интереси“, изјави директорот на Лидс, Виктор Орта.

Се вчитува...