Бразил на хартија се вбројува меѓу фаворитите од сенка на овој светски шампионат, но на Карло Анчелоти дефинитивно му стана јасно дека го очека уште многу работа откако „кариоките“ на премиерниот дуел од СП 2026 одиграа само 1-1 против Мароко.
Африканската селекција се покажа како незгоден ривал, Мароканците со дисциплинираната одбрана целосно ги неутрализираа бразилските оружја, стигнувајќи и први до водство. Брахим Дијаз испрати фантастично додавања низ бразилската одбрана, Саибари се најде „еден на еден“ со Алисон Бекер, маестрално лобувајќи го бразилскиот голман за еурофорија меѓу африканските навивачи на стадионот во Њујорк.
Бразилците беа во шок, Мароко имаше неколку полушанси, но „кариоките“ сепак стигнаа до израмнување по прекрасниот погодок на Винисиус пред крајот на првото полувреме.
Тоа сепак беше недоволно, обидите за целосен пресврт беа неуспешни, па Бразил дефинитивно доби лекција што треба да стори ако сака да почне да наликува на селекција кандидат за трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
