Бразил не се откажува од Карло: Му дадоа последен рок да се изјасни

Иако во неколку наврати Карло Анчелоти истакна дека нема намера да седне на селекторската клупа на Бразил, и дека ќе продолжи да биде тренер на Реал Мадрид, сепак, може да се случи пресврт. „Кариоките“ не се откажуваат од потписот на Дон Карло кој оваа година нема да ја освои титулата во Ла Лига, и тоа може да го чини скапо. Единствен излез ќе се бара преку Лигата на шампионите, а таму ќе треба да го мине најпрво Манчестер Сити.

Наводно бразилската Федерација му дала рок на Анчелоти до 25. мај да се произјасни околу понудата дали сака да ја води селекцијата на Бразил на идното Светско првенство, или ќе остане на својот став дека останува во клупскиот фудбал и во Реал Мадрид.

Анчелоти призна дека имал понуда од Бразил.

„Вистина е дека ме сака бразилската репрезентација, но сакам да го испочитувам договорот со Реал Мадрид кој е до 2024 година, и сакам да го одработам до крај“, рече во најновата изјава Анчелоти.

Доколку Анчелоти и дефинитивно одбие, тогаш Бразил веројатно ќе се одлучи за моменталниот тренер на Флиминензе Фернандо Диниз. Исто така во комбинација е и сегашниот тренер на Фенербахче, Жорге Жезус.

Се вчитува...