Бразил се тресе – Нејмар повреден го напушти тренингот

Бразил одигра само 1-1 на премиерниот натпревар од СП против Швајцарија, но уште поголем проблем за селекторот Тите претставува повредата на Нејмар. Најдобриот бразилски фудбалер се пожали на повреда на зглобот по дуелот со Швајцарија, вчера воопшто не тренираше, а денеска само десетина минути по почетокот на тренингот повторно се пожали на болка.

Како што јавуваат бразилските медиуми, Нејмар веднаш заминал кон соблекувалната придржуван од тимскиот доктор Рориго Ласман и од уште двајца физиотерапевти.

Селекторот Тите уште пред натпреварот со Швајцарија најави дека Нејмар не е 100% подготвен по долгата пауза, а по десетте прекршоци врз него на премиерниот меч од мундијалот јасно е дека состојбата е дополнително влошена.

Со оглед на фактот дека Бразил во второто коло игра со аутсајдерот Костарика, големи се шансите Нејмар да биде поштеден на овој натпревар, за да што подобро подготвен влезе во клучните натпревари од мундијалот.

Се вчитува...