Бразил во финалето на Копа Америка: Магија на Нејмар и минимален триумф над Перу (ВИДЕО)

Бразил ќе игра во финалето на Копа Америка, откако во полуфиналната пресметка славеше против Перу со 1-0.

Бразилците сосема заслужено дојдоа до финалето во кое ќе ја бранат титулата освоена пред три години.

Триумфот беше обезбеден во 35. минута кога Нејмар, откако со фантастичен дриблинг исфрли двајца противнички фудбалери, извонредно асистираше до Пакета за 1-0.

Бразил во финалето ќе игра против подобриот од мечот меѓу Аргентина и Колумбија кој се игра вечерва.

 

Се вчитува...