Бразилската ѕвезда Нејмар, ќе го пропушти првиот натпревар за Бразил во групната фаза од Светското првенство поради повреда на листот, рече во петокот бразилскиот селектор Карло Анчелоти.
Италијанецот рече дека посакува Нејмар што поскоро да биде на располагање, со надеж дека веќе идната недела ќе може да се врати на тренинзите.
Бразил ќе има тешка задача вечерва против Мароко на полноќ. Тоа ќе биде единствениот меч во групната фаза на СП на кој се среќаваат две селекции кои се во топ 10 селекции на Светот.
Нејмар последен пат играше на 17 мај за Сантос, а потоа не беше дел од пријателските натпревари на репрезентацијата пред Мундијалот. Исто така имаше шпекулации дека нема да биде повикан на Светското првенство, но на крајот на воодушевување на целата бразилска јавност се најде на списокот на патници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
