Кошаркарите на Бразил убедливо со 69-94 ја победија Летонија во финалето на квалификацискиот турнир во Рига и обезбедија „виза“ за Летните олимписки игри во Париз.
Покрај Бразил, ќе бидат познати уште три патници за ЛОИ 2024, по завршувањето на останатите финални дуели на останатите квалификациски турнири. Во Пиреја ќе играат Грција и Хрватска за место во Париз, а останатите две финалиња се Шпанија – Бахами и Литванија – Порторико.
Бразил до победата над фаворитот Летонија дојде одлично воден од клупата од хрватскиот стратег Аца Петровиќ. На теренот, пак, Бруно Кабокло постигна 21 поен, а го следеше Лео Меиндл со 20 поени.
Кај Летонија се истакна Рихардс Ломаж со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА