Бразилецот Бремер го продолжи договорот со Јувентус

Бразилскиот интернационалец Глеисон Бремер го продолжи договорот со торински Јувентус.

26-годишниот Бремер пристигна во Јувентус со 2022 година, а сезонава одигрувајќи досега 14 натпревари со постигнат еден гол.

Бремер има договор со Јувентус до 30 јуни 2027 година, но италијанските медиуми информираат дека е постигнат нов петгодишен договор според кој Бразилецот ќе биде член на „Старата дама“ до јануари 2029 година со зголемена плата.

Бремер има и три настапи за бразилската репрезентација.

Се вчитува...