Бразилецот Фернандо ги засили „лавовите“ од Ѓорче Петров

Македонија ЃП продолжува со засилувањата за новата сезона, во која „лавовите“ покрај настапите во Првата лига ги очекува и учество во квалификациите за Лигата на Европа против екипата на Алашкерт.

По неколкуте домашни засилувања, денеска беше потпишан договор со Бразилецот Фернандо Аугусто Родригес де Араујо (25), кој треба да биде големо засилување за одбранбената линија на „лавовите“ од Ѓорче Петров.

“Среќен сум што доаѓам во нова средина каде што сум прифатен од страна на соиграчите и стручниот штаб – нешто што знам дека ќе го возвратам со иста мера. Со нетрпение чекам да го облечам дресот и да го дадам својот придонес за што поуспешна сезона“ – изјави Фернандо по потписот на договорот со македонскиот прволигаш.

Се вчитува...