Бразилецот Јуфо, кој не се снајде во Шкендија, ќе го „засилува“ Вардар!?

По бројните заминувања на првотимците од клубот, Вардар се обидува да ги пополни играчките редови за настапите во квалификациите од Лигата на Европа. Се чини, веќе е договорено и првото засилување во името на поранешниот фудбалер од средниот ред на Шкендија, Бразилецот Виктор Јуфо.

25-годишниот Јуфо пред една сезона настапуваше во дресот на тетовци. Не се снајде најдобро па клубот го ослободи од обврските, за да сега според информациите на „Инфоспорт“ веќе и дефинитивно се договорил да го „засили“ Вардар.

„Постигнав договор за трансфер во Вардар. Среќен сум што одам во овој клуб, следната недела и официјално во Скопје треба да се финализира договорот“ – вели Јуфо.

Минатава сезона бразилскиот фудбалер настапуваше во дресот на албанскиот прволигаш Фљамуртари, од каде сега треба да се префрли во редовите на најтрофејниот македонски клуб.

Се вчитува...