Бразилецот Лира веднаш дебитираше со голови, Вардар убедлив со Работнички

Вардар славеше убедливо со 6-0 (3-0) против Работнички во последниот контролен натпревар и за двете екипи пред натпреварите во квалификациите за Лигата на Европа ова лето.

Најновото засилување на „вардарци“, Бразилецот Вилијан Лира Соуза дебитираше веднаш со два погодоци во црвено-црниот дрес стрелајќи во 24. и во 28. минута од средбата. Конечните 3-0 во првиот дел ги постави Матеј Цветановски уште во 43. минута од средбата.

Во второто полувреме во два наврати стрелаше Попзлатанов, а еден погодок постигна Максим Максимов.

Работнички на натпреварот настапи без поголемиот дел свои првотимци, Стјепановиќ, Пеев, Божиновски, Стевановиќ…, одлучувајќи се шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски да им даде шанса на помладите фудбалери.

 

Се вчитува...