Бразилецот Тулио застанува на голот на Шкупи

Екипата на Шкупи ги привршува подготовките во тренинг-кампот во Турција, а повредата на голманот Азизи го принуди македонскиот прволигаш повторно да се активира на пазарот. Потрагата по нов чувар на мрежата заврши успешно откако денеска беше потпишан договор со Бразилецот Тулио, кој во изминатите три дена беше на проба во Шкупи и ги задоволи вкусовите на стручниот штаб.

„Среќен сум поради шансата што ми се укажува, се чувствувам многу добро, максимално мотивирано за новиот предизвик. Одлично сум примен од соиграчите и од стручниот штаб, ќе сторам се што можам за да му помогнам на клубот во остварувањето на зацртаните цели“ – изјави 23-годишниот Тулио Клер де Фреитас.

Шкупи веќе в четврток го очекува првиот меч од квалификациите за Лигата на Европа, против ерменскиот претставник Пјуник.

Се вчитува...