„Бразилците играа ФИФА и се смееја дека Барселона е смешен тим без Меси“

Реал Мадрид синоќа ги разочара своите навивачи откако на „Сантијаго Бернабеу“ беше поразен убедливо со 4-0 од лутиот ривал на Барселона. Кралскиот клуб го одигра еден од најслабите натпревари оваа сезона и Барселона целосно ги надигра во сите сегменти од играта.

Каталонците славеа со 4-0, но резултатот можеше да биде уште поубедлив.

Карло Анчелоти експериментираше со формацијата откако не можеше да смета на повредениот Карим Бензема и покажа дека формациите 4-4-3 и 3-5-2 се целосно промашување. Италијанскиот стручњак одлучи дека Бензема нема да игра поради полесна повреда и дека е поважно тој да биде подготвен за финишот на сезоната, но отсуството на Французинот и тоа како се почувствува на теренот.

„Синоќешниот срамен пораз од Барселона се случи затоа што ги потценивме. Вечерта во очи на натпреварот кога се разбудив ги видов Винисиус и Касемиро како пијат и играат ФИФА заедно. Ги прашав зошто не одмараат пред важниот натпревар, а Винисиус ми одговори – Нема потреба, Барселона е без Меси“, изјави Бензема.

Се покажа дека Бензема е убедливо најдобриот играч на Реал Мадрид веќе неколку сезони и дека без него Анчелоти едноставно нема решение во нападот. Поразот од Барселона го потресе Бензема кој го следеше натпреварот, а сите беа изненадени кога тој јавно реши да ги посочи соиграчите за очајниот настап на „Ел Класико“.

 

 

 

 

Се вчитува...