Брдариќ: Имавме многу шанси, ама немавме среќа

Шкендија не успеа да го совлада Шкупи, играјќи реми без голови во Тетово, а со тоа и не го искористи на максимален начин поразот на Вардар. Тренерот Томас Брдариќ смета дека недостигот на среќа, но и на концентрација, во решавачките моменти пред голот на Зендели биле решавачкиот фактор на овој дуел.

„Сакам да им се заблагодарам на навивачите кои дојдоа во голем број да ни дадат поддршка. Не успеавме да победиме со Шкупи, иако имавме многу шанси пред противничкиот гол. Во одредени моменти немавме среќа за топката да се најде во мрежата, или пак концентрацијата на нашите фудбалери не беше вистинското ниво. Верувам дека на наредните мечеви ќе бидеме подобри“, истакна шефот на стручниот штаб на Шкендија.

По 21 одиграни кола во македонскиот шампионат, Шкендија се наоѓа на втората позиција на табелата со 41 бод, шест помалку од лидерот Вардар.

Се вчитува...