Брдариќ по дебаклот во Софија: Ова ни е добра лекција во вистински момент!

Неочекувано со убедлив пораз од 8-1, тетовска Шкендија го заврши гостувањето против ЦСКА во Софија на генерната контрола пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

Стратегот на тетовци, Томас Брдариќ нема оправдание за дебаклот на неговата екипа, но потенцира дека една таква лекција била добредојдена во вистински момент…

„Нема оправдување за еден таков резултат, но тоа ни е добра лекција за во иднина. Мора да кажам дека малку комбиниравме и со составот, а по само седум минути останавме и со играч помалку. И покрај тоа имавме квалитетна игра во првите 30 минути. Но, потоа се се сруши. Примивме два наивни гола од прекин, па следеше третиот и во само 10 минути се случи се што е можно лошо. Во второто полувреме тешко беше да се вратиме. Не сакам да барам оправдание, но ако нешто позитивно може да извлечиме од сето тоа е како не треба да играме. Точно се лоцирани грешките во вистински момент и верувам ќе бидат корегирани. Нема да дозволиме тој резултат од Софија психолошки да влијае на фудбалерите, но ќе се потрудиме да ни служи како една добра поука“ – вели Томас Брдариќ.

Шкендија во првото пролетно коло, в недела (19. февруари) во Тетово ја пречекува екипата на Силекс.

Се вчитува...