Брдариќ: Жестоко ќе се бориме за титулата…

Тренерот на Шкендија, Томас Брдариќ е задоволен по вчерашната убедлива победа над Македонија ЃП со која се продолжува трката за шампионската титула.

Но, Брдариќ потенцира дека навивачите не може секогаш да очекуваат вакви голгетерски изданија на тимот, затоа што потребно е уште напорна работа за да се добие комплетно посакуваниот изглед на тимот. Иако, како што вели германскиот стратег Шкендија продолжува со жестока борба за секој бод до крајот на шампионатот.

„Беше тоа еден убав фудбалски ден за нас. Важни бодови, а можам слободно да кажам дека покажаното на вчерашниот натпревар треба да ни биде основа за развивање понатаму на нашата игра до крајот на првенството. Не може да очекуваме да биде идеален секој сегмент од нашата игра, затоа што тоа е процес. Треба да бидеме малку потрпеливи. Секако, не чека уште напорна работа и мора да продолжиме максимално во битка за секој бод. Веќе размислуваме за следниот натпревар“ – вели Брдариќ, најавувајќи го и следниот натпревар против Работнички веќе за два дена во Скопје.

„Не чека тежок натпревар со Работнички, но мислам дека ќе бидеме подготвени. Веднаш го оставаме зад нас дуелот со Македонија ЃП и веќе се концентрираме на средбата во Скопје. Мислам дека ќе биде добар натпревар“ – истакнува стратегот на Шкендија.

Се вчитува...