Бре Ајви продолжи во Полска

Бре Ајви кој замина од МЗТ Скопје кариерата ќе ја продолжи во полското првенство каде ќе го носи дресот на Чарни Шлупск, потврди полскиот клуб.

Американскиот интернационалец помина две сезони во македонската кошарка носејќи го дресот и на Академија ФМП, но поради финансиски проблеми се одлучи среќата да си ја побара што подалеку од Аеродром.

Дваесетишестгодишниот бек имаше голем придонес во ланската сезона кога МЗТ Скопје успеа да ја одбрани титулата во домашното првенство, но и во новата сезона поготово по заминувањето на Андреј Магдевски каде се наметна како лидер на составот во АБА средбите со просек од 12.6 поени, 5 асистенции и 4 скока.

Се вчитува...