По ангажманот на Иван Николов, ФК Брегалница во согласност со сопствената определба за поддршка и промоција на младите македонски фудбалски надежи, потпиша професионален договор со уште еден талент на македонскиот фудбал, 19-годишниот Михаил Димитриевски.
Во очекување на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница потпиша професионален договор со Димитриевски кој игра на десната бековска позиција, иако не ретко е активен и на деснокрилната офанзивна позиција.
Михаил Димитриевски, кој ги мина поголемиот дел од пионерско-кадетските селекции на Македонија, потекнува од фудбалската школа на Њустарс од Скопје, а претходно во својата кариера досега настапуваше и за Локомотива и Пехчево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА