Брегалница го врати младинскиот репрезентативец Иван Николов во своите редови (ФОТО)

Брегалница повторно во своите редови го враќа штипското дете и младински репрезентативец на Македонија, Иван Николов.

20-годишниот Николов е најновото засилување на „сините“ кој повторно се враќа во својата Брегалница доаѓајќи од редовите на Вардар каде настапуваше изминатава сезона. Николов, кој игра на позицијата во средниот ред, потекнува од фудбалската школа на Брегалница а дел од својата досегашна кариера мина и во редовите на Академија Пандев.

„Со враќањето на Николов уште еднаш ја нагласуваме определбата за поддршка на младиот македонски фудбалски потенцијал како начин и за активен развој на клубот преку промоција на фудбалерите од својата школа“ – порачуваат од редовите на ФК Брегалница.

Низ досегашниот преоден рок Брегалница претходно се засили и со досегашниот фудбалер од средниот ред на Академија Пандев, Адис Хаџановиќ од БиХ, Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, левокрилниот дефанзивец Александер Борха Кордоба, централниот дефанзивец Александар Ристевски како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.

Се вчитува...