Брегалница и Борец ремизираа во Штип пред полни трибини

Штип е фудбалски град и едвај дочека да има моќна Брегалница која сака повторно да биде важен дел во македонскиот фудбал. Пред полни трибини, во најава на новата сезона, Брегалница и Борец одиграа 2-2, прикажаа допадлив фудбал и добија аплаузи од околу 2.000 гледачи во градот под Исарот.

Стојчевски и Мичовски во првото полувреме донесоа предност за Брегалница од 2-0, но во продолжението Христов од пенал и Николовски возвратија од таборот на Борец, за реми и конечни 2-2.

Се вчитува...