Брегалница и Кит Го ремизираа (1-1) во дерби пресметката во Велес

Брегалница и Кит Го одиграа без победник во дерби пресметката од 21. коло во Втората лига – Исток.

Во повеќе од интересен дуел, кој поради реконструкцијата на Градскиот стадион во Штип, се играше во Велес, Брегалница прва дојде до предност преку Ристе Наумов во 55. минута од натпреварот.

Но, комплетната иницијатива на фудбалерите на Кит Го вроди со плод во 75. минута кога Иван Настевски успеа да постигне убав погодок за конечни 1-1.

Се вчитува...