Брегалница и Работнички ремизираа (1-1) на тестот во Штип (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница и Работнички ремизираа (1-1) во пријателскиот натпревар кој се одигра попладнево на Градскиот стадион во Штип.

Брегалница дојде до предност со голот на Наумче Бакрачески во 37. минута, кој со одличен шут погоди во горниот агол од голот на Работнички. Три минути подоцна, Ристе Наумов имаше одлична шанса, но Јанков одбрани и исфрли во корнер.

Во второто полувреме, повторно Брегалница ја имаше првата шанса. Во 63 минута, Шишков нафрли, а Пепи Ѓорѓиев шутираше сантиметри крај голот.

Но, потоа следеше доминација на гостите и Работнички израмни во 74. минута со голот на младиот Лука Станковски. На оваа акција претходеше шутот на неговиот брат Марио Станковски кој го погоди дирекот.

Во 84. минута Пепи Ѓорѓиев имаше одлична шанса да донесе повторно водство за Брегалница, но Ристо Јанков го одбрани неговиот удар.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 1-1 (1-0)
Градски стадион во Штип. Гледачи: 1.000. Главен судија: Крумислав Горгиев. Стрелци: Бакрачески 37′ (Б), Л. Станковски 74′ (Р).

БРЕГАЛНИЦА: Давков, Манев, Д. Стојанов, Мирчевски, Миленковски, М. Стојанов, Османовски, Бакрачески, Велинов, Ѓоргиев, Наумов. Уште играа: Пашоски, Рајков, Наумоски, Мицкоски, Шишков, Рунтев, Кудев

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Велкоски, Клисура, Кузманов, Линг, Стојчевски, Марковиќ, Максимов, Шаркоски, Гомеш, Тошески. Уште играа: Герасимоски, Пановски, Додевски, Ацковски, Тодоровски, Станковски, Стојчевски

Се вчитува...