Брегалница ја “здроби” и Дрита на тестот во Штип

Брегалница продолжува со одличните игри во новата сезона, па и на пријателските натпревари.

“Сините” славеа убедливо со 7-0 (1-0) против Дрита од Боговиње на контролниот натпревар кој денеска се одигра на Градскиот стадион во Штип.

И покрај тоа што настапи во комбиниран состав, со повеќе млади фудбалери на кои Добринко Илиевски им даде шанса, Брегалница стигна до висок триумф. Хет-трик запиша Иван Настевски, а по еден погодок постигнаа Мичковски, Мартин Стојанов, Пепи Ѓоргиев и Велинов.

Се вчитува...