Брегалница подобра од Хоризонт Турново: Деби на Дураковиќ, повреда на Темелков

По враќањето од подготовките во Сандански, Бугарија, штипска Брегалница денеска во Штип одигра пријателски натпревар со второлигашот Хоризонт Турново на кој славеше со 3-1.

Стрелци на головите за „сините“ беа Георгиев во 5. минута, Вучетиќ во 40. минута и Костадинов во 53. минута, додека единствениот погодок за турновци го постигна Мерсовски во 25. минута од средбата.

Брегалница настапи со следниот состав од почетокот на дуелот, Кобетиќ, Велковски, Ѓорески, Ранѓеловиќ, Стојанов, Темелков, Вучетиќ, Здравков, Георгиев, Јовановски и, Наумов, а уште играа и Дураковиќ, Далчевски, Ристевски, Коцев, Илиев, Костов, Велиновски, Миовски и Костадинов.

Но, победата над Хоризонт Турново, штипјани ја „платија“ и со повреда на еден од своите најдобри фудбалери, Александар Темелков. Во текот на утрешниот ден ќе биде позната тежината на повредата, но според првичните информации се работи за сериозна повреда поради која можно е Темелков да го пропушти стартот на сезоната.

Деби на голот на Брегалница во второто полувреме имаше и поранешниот вардаров голман, Дураковиќ. Во Штип се најавува пристигнување на уште едно засилување за пролетниот дел од сезоната, српскиот интернационалец Александар Илиќ кој игра на крилните офанзивни позиции, а доаѓа од Јавор Ивањица.

Се вчитува...