Брегалница ремизираше без голови со бугарскиот Симитли

Фудбалерите на Брегалница ремизираа без голови на пријателскиот натпревар против бугарскиот Симитли кој се одигра во соседна Бугарија.

Брегалница беше подобар тим на теренот, но составот на Добринко Илиевски не успеа да стигне до посакуваниот погодок.

Штипјани настапија во следниот состав: Пашовски, Рајков, Манов, Д. Стојанов,Миленковски,, Османовски, Бакрачевски, Мирчевски, Велинов, Наумов, М. Стојанов. Уште играа: Давков, Стојчевски, Шишков, Рунтев, Мичовски, Арсовски, Георгиев.

Следните два тест дуели на „сините“ се против Силекс на 25. јули и со Академија Пандев на 28. јули.

Се вчитува...