Брегалница со „петарда“ за Беласица на гостувањето во Струмица

Фудбалерите на Брегалница убедливо со 1-5 триумфираа на пријателскиот натпревар против струмичка Беласица кој се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Колин Андерсон на почетокот од мечот го отвори резултатот со водство на Брегалница, за да набрзо потоа и Михаил Маневски стрела за водство на штипјани од 0-2.

Беласица успеа пред полувремето да намали на 1-2, но во второто полувреме следеа уште три гола за Брегалница на Фабрицио Венегас, на Колин Андерсон како и на младиот Един Мандак во 91. минута за конечни 1-5.

Се вчитува...