Брегалница убедлива на тестот против Каменица Саса

Подготвувајќи се за стартот на новата второлигашка сезона, штипска Брегалница убедливо со 0-4 (0-1) славеше на пријателскиот натпревар против Каменица Саса.

„Сините“ до триумфот дојдоа со погодоците на Стојанче Велинов во првото полувреме, а потоа во вториот дел за убедлив триумф погодија и Мартин Стојанов, Наумче Бакрачески и Јован Манов.

Се вчитува...