Брејк на Мајами, Оклахома го „здроби“ Њу Орлеанс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Мајами славеа на гости против Бостон со 101-111 во вториот натпревар од четвртфиналната серија на Истокот, па успеаја да дојдат до „брејк“ за израмнување на 1-1.

Тајлер Хиро беше предводник во победата со 24 поени, 13 асистенции и пет скока, а Кејлеб Мартин заврши со 21 поен колку што имаше и Адебајо. Одличен кај Мајами беше и српскиот репрезентативец Никола Јовиќ со 12 поени, 9 скока, шест асистенции и три украдени топки за неполни 25 минути на паркетот.

На спротивната страна Џејлен Браун постигна 33 поени, со осум скока и осум асистенции, додека Џејсон Тејтум дојде до 28 поени, со осум скока и три асистенции.

Оклахома, пак, ја искористи максималната предност на домашен терен на стартот од четвртфиналето пред своите навивачи славејќи против Њу Орлеанс со 124-92, поведувајќи со 2-0 во серијата.

Шај Гилџус Александер предводеше со 33 поени, и плус со три скока и пет асистенции, како и две украдени топки. Чет Холмгрен исто така беше расположен, постигнувајќи 26 поени со седум скока и асистенции.

Во тимот на Њу Орлеанс, Јонас Валанчијунас постигна 19 поени, а по 18 поени додадоа Брендон Играм и Херберт Џонс.

Се вчитува...