Брера има сензационално водство во Струга, ГОЛЧИШТЕ на Бојку (ВИДЕО)

АП Брера има сензационално водство во Струга, против лидерот на табелата Струга ТЛ со 2:3 по првите 45. минути од мечот од 10. коло. Струмичкиот тим е препороден под водство на Мартин Алаѓозовски, и еве е блиску да освои три бода од тешкиот терен во Струга ТЛ, и да му го нанесе првиот пораз на домашниот тим.

Сепак, мисијата ќе биде тешка, со оглед дека Струга ТЛ во вториот дел се очекува да нападне. Прекрасен гол постигна Бесмир Бојку за 2-3 кој стрелаше од 30 метри во горниот десен агол од голот на Илоски.

За само седум минути АП Брера стигна до предност од 0-2 со головите на Наумчески и Стојанов. Потоа Струга ТЛ намали на 1-2 преку Зенку, но потоа гостите одново дојдоа до 1-3 со вториот погодок на Ндезнгуе. Прекрасниот гол на Бесмир Бојку донесе намалување на водството на 2-3 на полувремето.

На „Тодор Проески“ во Скопје, на скопското дерби помеѓу Работнички и Македонија ЃП нема голови. Двата тима имаа неколку шанси, но на крајот мрежите мируваа.

Се вчитува...