Брера ја победи Воска со гол во 92. минута, Шкупи се израмни на врвот со Струга ТЛ (ВИДЕО)

Фудбалерите на АП Брера дојдоа до повеќе од значајна победа во битката за опстанок против Воска Спорт од 1-0 во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига, со гол во 92. минута од средбата.

Шкупи, пак, по триумф од 3-1 над Македонија ЃП се израмни на врвот од табелата со Струга ТЛ, а до победа дојде и Гостивар кој на домашен терен славеше против Тиквеш со 2-1.

АП Брера до триумфот дојде со голот на младиот Мартин Ѓоргиевски во 92. минута, за значајни три бода.

Чаирчани на домашен терен до водство од 1-0 против Македонија ЃП дојдоа со голот на Дуду уште во 4. минута од средбата, на асистенција на Трапановски.

Во второто полувреме, во 53. минута Трапановски убаво погоди за водство и од 2-0.

А, откако гостите намалија на 2-1 со феноменалниот гол од далечина на Илиевски, во 85. минута домашниот дефанзивец Илиевски постигна гол за конечни 3-1 со глава, а повторно на асистенција на Трапановски по нафрлањето од левата страна.

Гостивар, пак, со убав гол со глава на Алпер Потук во 5. минута дојде до предност на дуелот со Тиквеш…

Тиквеш израмни со голот на Вареловски во 69. минута…

Сепак, Кехинде во 77. минута погоди по сервирана акција на празен гол за конечна победа од 2-1 на Гостивар.

Останатите три натпревари од 27. коло во ПМФЛ се играат утре со почеток од 15 часот.

ПРВА ЛИГА – 27. КОЛО
Турново: АП БРЕРА – ВОСКА СПОРТ 1-0
Ѓорѓиевски 90’+2
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1
Дуду 4′, Трапановски 53′, Илиевски 85′ – Илиевски 61′
Гостивар: ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 2-1
Алпер Потук 5′, Кехинде 77′ – Вареловски 69′
УТРЕ (15 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР
Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
Струга: СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА

Се вчитува...