АП Брера четири натпревари не знае за победа и сака таа лоша серија да ја прекине на денешниот натпревар против Тиквеш од 15.коло во ПМФЛ. Струмичани се мотивирани да освојат три бода со кои би се придвижиле кон средишниот дел на табелата.
„Секој натпревар има свое значење, а ние како и секогаш ќе излеземе да се надигруваме“, вели шефот на стручниот штаб, Мартин Алаѓозовски.
Последната победа на АП Брера датира од крајот на октомври, кога тимот ја изненади Струга Трим Лум на гости. Тиквеш доаѓа во Струмица по одличниот настап и триумф против Башкими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

