Бреша сака да го врати Балотели дома

Новиот италијански калчолигаш Бреша сака да го ангажира Марио Балотели. Контроверзниот напаѓач го минал своето детство на стотина метри од стадионот на Бреша, а раководството на клубот му нуди тригодишен договор и можност да се врати во Серија А.

Балотели замина од Олимпик Марсеј и се уште нема клуб каде би ја продолжил кариерата. Води преговори со бразилскиот клуб Фламенго, а интерес за него покажа и Фиорентина. Но, Бреша му нуди да се врати дома и тоа може да биде пресуден момент за да стави потпис на тригодишниот договор.

Се вчитува...