Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бреслиева имаше забележителен настап на Светското првенство за јуниори, стигнувајќи до осминафиналето.
Таа се натпреваруваше во категоријата до 55 килограми, каде забележа две рутински победи над Ана Дијало од Сенегал и од Јасмин Хауани од Тунис.
Бреслиева во осминафиналето налета на големата фаворитка Рамазанова од Русија, која заслужено триумфираше со 0-2 (0-3, 0-11).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

