Брест Мешков е преголем залак за Металург

Металург претрпе уште еден пораз во рамките од СЕХА-лигата откако македонскиот вицешампион денеска капитулираше против Брест Мешков со резултат 28-34. Белорусите поголемиот дел од гостувањата во СЕХА сезонава ги одиграа со комбиниран состав, но денеска дојдоа во Скопје со своите најдобри играчи, па со комплетна екипа немаа проблем да го натераат Металург на капитулација.

Избраниците на Данило Брестовац парираа солидно само во првото полувреме, во кое во неколку наврати стигнаа до само еден гол разлика, но на одмор заминаа со „минус три“ (13-16). Веќе во 35. минута предноста на белорускиот првак порасна на пет гола (15-20), по што Брест Мешков без многу мака си ја доврши задачата се до конечната победа.

Рибеиро со осум гола беше најефикасен во македонскиот тим, по четири пати реализираа Шпенде, Серафимов и Арсеновски, додека најдобри стрелци во таборот на Брест Мешков беа Ивиќ и Ѓорѓиќ со по десет погодоци.

Се вчитува...