Бресто не го држи место: Во одбрана вака…за да има Исланд мака (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонските ракометари го одржаа единствениот тренинг во Скопје, пред заминувањето за Рејкјавик, каде в среда ќе го играат првиот од двата квалификациски дуели против Исланд. Новиот селектор Данило Брестовац најави дека нема многу да менува во играта, иако некои сегменти секако ќе треба да се подобрат. Потребна е цврста одбрана пред Борко Ристовски за да се оствари позитивен резултат против Исланѓаните. Селекторот се погрижи да покаже и практично.

На тренингот беше и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, а навреме се приклучи и го одработи и Гоце Георгиевски кој задоцни на собирот поради лошите авионски релации со Романија. Националниот тим ќе се комплетира во Рејкјавик, каде директно ќе допатува Дејан Манасков.

Не треба многу да се менува, само да се победува…

 

Се вчитува...