Брестовац: Да се погледнеме во очи, ние немаме играчи

Македонија со пораз од Словенија од 21-31. Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац вели дека реалноста на Македонија е дека немаме ракометари, бидејќи тимовите не им даваат доволно шанса.

„Постојано слушам критики ама никој не сака да си погледне во очи, ние немаме играчи. Како јас да земам некој што во домашното првенство, неговиот клуб го става во Б-тим и зема странци? Играат во плеј-аут и пак ангажираат странци. И сега тие истите сакаат да ги земам нивните играчи во репрезентација? На крајот федерацијата е крива или јас. Мора да се грижиме за нашите играчи кои играат во домашните првенство. Ова треба да биде главна задача дали на мене или следниот селектор. Најпрост пример доаѓа од Вардар, зошто го земаат Ѓукиќ, да не го победат Фленсбург? Зошто не му даваат шанса на Џомба и на Јагуриновски. Мислите дека со најсилен состав ќе победувавме, не, повторно ќе бевме поразени со три-четири разлика. Без Столе, Кире, Пешевски и Митревски ќе биде уште потешко, верувајте“, изјави Брестовац.

Македонија утре во вториот натпревар од главната фаза од 15:30 часот ќе се сретне со Русија.

Се вчитува...