Брестовац: Дојдовме да учиме, но пристапот мора да биде посериозен

Селекторот на македонската репрезентација, Данило Брестовац, беше незадоволен од пристапот на ракометарите на денешниот дуел со Русија. „Црвено-жолтите“ очајно го стартуваа мечот и веќе по дваесетина минути игра го загубија натпреварот, конечниот пораз беше очекуван, но не и немоќта што ја покажавме од првата до последната минута против ривалот што е далеку од врвот на светскиот ракомет.

Брестовац потенцираше дека целта е остварена со пласман во главната фаза, но и дека очекува подобри изданија од своите избраници.

„Имавме лош пристап, лошо влеговме во натпреварот, што е разочарување бидејќи ни се случува по петти пат на овој шампионат. Дојдовме овде да учиме, ја остваривме целта со пласманот во главната фаза, но пристапот мора да ни биде посериозен. Имавме добри и лоши моменти, но денеска пресуди лошиот почеток на натпреварот“, изјави Брестовац на прес-конференцијата по мечот.

Се вчитува...