Брестовац: Финците играат се подобро, но Македонија е фаворит

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, е оптимист дека „црвено-жолтите“ ќе стигнат до триумф без оглед на проблемите со кои се соочува на стартот од репрезентативниот собир. Тројца македонски репрезентативци (Танкоски, Велковски и Поповски) се позитивни на Covid-19, што дефинитивно се одрази врз плановите на Брестовац со оглед на фактот дека Танкоски и Поповски требаше да имаат и значајна минутажа на премиерниот квалификациски натпревар.

„Тоа е она што секогаш го говорев, дека мора да обрнуваме внимание на младите бидејќи ќе дојде време кога нивната помош ќе ни биде неопходна. Се уште имаме квалитетен тим за почетокот од новите квалификации, иако по најновите проблеми ќе мораме да направиме неколку рокади. Верувам дека со максимален пристап и мотивирана и цврста игра во одбраната можеме да стигнеме до позитивен резултат во дуелот со Финска. Тие бележат евидентен напредок во играта на клубски и репрезентативен план, така да во ниеден момент несмееме да ги потцениме како состав. Имаат искусни и квалитетни ракометари во својот состав кои можат и знаат да одиграат добар ракомет“, изјави Брестовац.

Дуелот меѓу Македонија и Финска ќе се игра утре со почеток во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Три дена подоцна нашите ракометари ќе играат уште еден дуел од овие квалификации, на гостински терен против Швајцарија.

Се вчитува...