Брестовац ги избра патниците за Турција, асовите ќе чекаат во Скопје

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац го објави списокот на ракометари за настап на пријателските мечеви во Турција, на кој нашите ракометари ќе играат против домаќинот и Италија.

Во Турција ќе заминат 17 ракометари меѓу кои ќе ги нема најискусните, Борко Ристовски, Кирил Лазаров, Дејан Манасков, Филип Кузмановски и Филип Талевски, кои на репрезентацијата ќе и се придружат во Скопје каде ќе се одиграат два меча против Грузија.

Се вчитува...