Селекторот на македонската репрезентација, Данило Брестовац, го соопшти списокот од 20 ракометари кои ќе бидат дел од подготовките во Словенија, завршна фаза од тренинзите во пресрет на ЕП 2020.
Во овој дел од подготовките ќе се приклучат најдобрите македонски ракометари, а Брестовац реши за Словенија да повика и дел од ракометарите кои прикажаа најдобри игри на последните средби во Србија и во Романија.
„По мечот со Романија имав краток состанок со ракометарите, на секој поединечно им образложив зошто е, или зошто не е дел на финалниот список. На секого му објаснив што исполни од она што се очекуваше од него и што не беше исполнето. Можам да кажам дека сите ги прифатија моите одлуки без ниту еден единствен приговор“ – изјави Брестовац.
Планот е на следните натпревари во Словенија, против селекциите на Словенија и на Црна Гора, да се даде шанса на сите ракометари, по што ќе биде донесена и конечната одлука околу составот за почетокот на ЕП 2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА