Брестовац ги одреди патниците за Турција

Мартин Манасков, Горан Крстевски, Филип Арсеновски, Мартин Томовски и Мартин Серафимов нема да добијат шанса да патуваат за Турција и да бидат дел до евроквалфикацискиот натпревар на македонската ракометна репрезентација в среда против Турција.

Ова е одлуката на селекторот Данило Брестовац кој го објави скратениот список за претпоследниот натпревар од циклусот. На овој, но и на натпреварот против Грција, поради повреда во составот нема да биде Дејан Мансков.

Македoнската репрезентација со пет бода, идентично како и селекцијата на Исланд е водечка во квалификациската конкуренција. Две победи ќе и донесаат поповолна позиција на следната ждрепка поради тоа што ќе се помести еден квалитативен шешир погоре.

 

 

 

Се вчитува...