Брестовац го објави поширокиот список за Турција и за Грција

Селекторот Данило Брестовац го објави поширокиот список од 28 ракометари кои ќе бидат во комбинација за настап на завршните две натпревари од квалификациите за ЕП 2020.

Македонија до крајот на овие квалификации на 12 јуни ќе гостува на Турција Ескишехир, по што четири дена подоцна ќе ја пречека Грција во Струмица.

На списокот нема поголеми изненадувања, а селекторот реши да го врати во репрезентацијата Гоце Ојлески, по неговите одлични игри во дресот на Работник. Македонија веќе го осигура пласманот на ЕП 2020, но две победи на последните две средби се неопходни за да се остане на првото место во групата, што ќе донесе и нешто подобар ранкинг во пресрет на ждрепката за групната фаза од европскиот шампионат.

Се вчитува...